Линкови за пристапност

Британските аеродроми во борба против беспилотните летала


Двата најголеми меѓународни аеродроми во Велика Британија планираат да инсталираат воени системи за одбрана од беспилотни летала со цел да избегнат инциденти како оној за време на божиќните празници кога беа приземјени околу илјада летови на аеродромот Гетвик во Лондон.

Минатиот месец британските власти побараа помош од армијата откако беа забележани неколку беспилотни летала над Гетвик, вториот најпрометен аеродром во државата.

Аеродромот нарача систем против беспилотни летала иако министерот за безбедност, Бен Валас минатиот месец кажа дека безбедносни сили веќе имаат системи за откривање за борба против ваквата закана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG