Линкови за пристапност

Британија најави евакуација на нејзините граѓани од Кабул


Британскиот министер за одбрана предупреди на можно враќање на ал-Каида во Авганистан

Британскиот министер за одбрана Бен Волес предупреди дека ал-Каида повторно би можела да се врати во Авганистан.

„Апсолутно сум загрижен дека распаднатите држави се плодна почва за таков тип луѓе“, изјави тој за британскиот медиум „Скај њуз“.

Часови претходно тој најави дека Британија ќе испрати стотици војници од падобрански одреди во Кабул за да помогнат да се евакуираат повеќе од 4.000 Британци и околу 2.000 Авганистанци, кои веројатно би биле убиени од Талибан оти работеле со британската војска.

„Безбедноста на британските државјани, британскиот воен персонал и поранешни авганистански помошници, се наш прв приоритет“, рече Волас.

Британското министерство за одбрана рече дека евакуацијата ќе почне во наредните 48 часа поради зголеменото насилство и намалувањето на безбедноста во државата.

Сите британски трупи треба да се повлечат од Авганистан до почетокот на септември, во согласност со рокот на претседателот на САД Џо Бајден за повлекување на американските трупи, како и на војниците од другите НАТО држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG