Линкови за пристапност

Британскиот премиер Гордон Браун поднесе оставка


Британскиот премиер Гордон Браун ја објави оставката додека неговите двајца политички ривали се приближуваат до договор за формирање на нова влада.

Британскиот премиер Гордон Браун ја објави оставката додека неговите двајца политички ривали се приближуваат до договор за формирање на нова влада.

По соопштението во вторник пред канцеларијата на премиерот во Лондон, Браун замина во Бакингамската палата да ја врачи оставката на кралицата.

Тој кажа дека неговата оставка на функцијата лидер на Лабористичката партија влегува во сила веднаш.

Потегот ја прави Конзервативната партија поверојатен лидер на следната влада на државата.

Конзервативците добија најмногу места на минатонеделните парламентарни избори иако недоволно за самостојно владеење. Тие беа во разговори со Либералните демократи за договор на поделба на власта.

Соопштението на Браун значи крај на 13-годишното владеење на Лабористичката партија.

XS
SM
MD
LG