Велика Британија објави низа мерки против Москва, вклучувајќи и протерување на 23 руски дипломати откако беа отфрлени барањата за објаснување за користењето на хемискиот агенс во нападот на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Јулија.
Британската премиерка Тереза Меј ги објави мерките пред Долниот дом на Парламентот, велејќи дека нејзината влада ќе подготви легислатива за заштита на Велика Британија од непријателската активност и ќе разгледа нови чекори против шпионажата. Во мерките се вклучени усвојување и измени на Законот за санкции сличен на законот Магнитски, со кој се овозможува замрзнување на средствата на Руси кои ги нарушуваат човекови права и се суспендираат сите контакти на високо ниво меѓу Велика Британија и Русија, вклучувајќи ја и планираната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Протераните дипломати имаат една недела да заминат од државата. Ова е најголемо протерување на руски дипломати од 1971-ва година, наваму. Меј рече дека одговорот на Русија на британските тврдења за вмешаноста на Кремљ во нападот „покажало целосен презир“.
Русија негираше вмешаност во инцидентот. Министерство за надворешни работи соопшти дека забелешките на Меј претставуваат провокација што ги поткопува темелите на нормален дијалог меѓу двете држави.
Facebook Forum