Линкови за пристапност

Меј: Голема e веројатноста дека Русија стои зад нападот врз поранешниот шпион


Британските власти заклучиле дека нервниот агенс што бил користен во нападот бил развиен од страна на Русија

Британската премиерка Тереза Меј, вели дека нејзината влада заклучила дека оти постои „голема веројатност“ дека Русија е одговорна за нападот врз поранешниот руски двоен шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Говорејќи пред Долниот дом на Парламентот, Меј рече дека нервниот агенс што бил користен во нападот бил со воен квалитет и развиен од страна на Русија. Таа ова го изјави по состанокот на Советот за национална безбедност на британската влада.

„Има две веродостојни објаснувања...или ова е директна акција на руската држава против нашата, или руската влада изгубила контролата врз нејзиниот потенцијално катастрофален нервен агенс и дозволиле да паден во раце на другите“, рече Меј.

Таа додаде дека Велика Британија ќе разгледа како да одговори на наводите.

„Ако нема веродостоен одговор, ќе заклучиме дека акцијата надодава на илегалната употреба на сила од страна на руската држава против Обединетото Кралство“, рече таа, потенцирајќи дека Велика Британија „нема да толерира вакви ужасни обиди за убиство на невини цивили на наша територија“.

Руското Министерство за надворешни работи изјавата на Меј ја нарече „циркуска претстава“ и „провокација“, наведуваат руските новински агенции.

Рускиот претседател Владимир Путин, претходно изјави дека Велика Британија мора да ја разјасни својата позиција за нападот, пред Русија да се согласи на разговори.

„Одберете ги работите од ваша страна, а потоа ќе разговараме со вас“, одговорил рускиот претседател на прашање на новинар на „Би-Би-Си“, соопшти новинската агенција Интерфакс.

Кремљ ги негираше тврдењата за каква било вмешаност и соопшти дека нема никаква поврзаност со истрагата, затоа што жртвата работела за британските разузнавачки служби, а нападот се случил на британска територија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG