Линкови за пристапност

Брајан Вилијамс суспендиран на шест месеци


Брајан Билијамс
Брајан Билијамс

НБЦ соопшти дека водителот ја нарушил довербата на милиони Американци во вестите на ТВ-мрежата

ТВ-мрежата НБЦ го суспендираше на шест месеци неплатено Брајан Вилијамс, долгогодишниот водител на вечерните вести на НБЦ, затоа што изнесе невистинити тврдења за себе во извештај за ирачката војна.

За време на американската инвазија во Ирак 2003-тата, Вилијамс извести дека хеликоптерот Чинок којшто летал пред оној во којшто тој се наоѓал, „речиси експлодирал“, но подоцна ја смени приказната. На вечерните вести на НБЦ излезе со поинаква верзија на случувањата, тврдејќи дека бил во хеликоптерот што бил погоден од проектил.

55-годишниот Вилијамс, којшто јавно се извини и ја коригираше приказната, е предмет на внатрешна истрага на НБЦ. На крајот од минатата недела најави дека се повлекува на неколку дена од најгледаните ударни вести. Синоќа, пак, преку писмено соопштение, извршниот директор на НБЦ Стив Бурк коментираше дека „со неговите постапки, Брајан Вилијамс ја наруши довербата на милиони Американци во вестите на НБЦ. За тоа нема оправдување и суспензијата е строга, но соодветна“.

Соопштението не прецизира дали Вилијамс ќе се врати на местото водител по завршувањето на суспензијата.

XS
SM
MD
LG