Линкови за пристапност

Меј: Законодавците да гласаат за Брегзит без договор или за одложување на излегувањето од Унијата


Британската премиерка Тереза Мај вели дека ќе им даде можност на законодавците да гласаат дали да се напушти Европската унија без договор или излегувањето да биде одложено.

Парламентот треба да гласа за договорот на Меј на 14-ти март, две недели пред закажаното излегување од Унијата на 29-ти март. Сепак, Владата не успеа да обезбеди поддршка од Парламентот за договорот. Како резултат на тоа, Британија се соочува со можноста да ја напушти ЕУ без договор кое негативно ќе се одрази врз бизнисите и поединците во Британија и Европа.

Ако Парламентот гласа убедливо против, како што беше минатиот месец, најверојатно законодавците ќе треба да гласаат за тоа дали да се побара од ЕУ одложување на излегувањето.

Меј кажа дека ако Парламентот ги отфрли и двете опции Владата ќе поднесе предлог пред законодавците за кратко продолжување на член 50 од правниот процес за излегување од Унијата. Таа додаде дека секое одложување може да биде само до крајот на јуни.

„Не сакам членот 50 да биде продолжен“ изјави Меј, дополнувајќи дека „Нашиот целосен фокус треба да биде договор за заминување на 29-ти март.“

Меј рече дека презентирала опции пред законодавците кои „навистина се загрижени заради истекувањето на времето.“

Шест владини министри се заканија дека ќе поднесат оставки ако Меј не ја исклучи можноста Британија да замина од Унијата без договор.

XS
SM
MD
LG