Линкови за пристапност

Утре можна опција за ќор-сокакот со Брегзит?


Индикативното гласање ќе се однесува на серија опции за Брегзит, меѓу кои дали да се излезе од ЕУ без договор

Британската премиерка Тереза Меј денес ги собра министрите на итен состанок во нејзиниот кабинет, за да се најде излез од ќор-сокакот со Брегзит.

Сепак, според некои аналитичари, низата „индикативни гласања“ планирани за утре во Долниот дом на Парламентот, можеби нема да помогнат да се најде решение за политичкиот хаос во Британија.

Некои законодавци, пак, се загрижени дека обидот да се обезбеди консензус за тоа каков тип договор да се постигне со Европската Унија, може да заврши неуспешно.

Тоа ќе го одложи излегувањето на Британија од ЕУ, што сега е закажано за 12 април или 22 мај, или можеби за една година или подолго.

Можното гласање утре ќе се однесува на серија опции за Брегзит, кои веројатно ќе вклучуваат дали да се излезе од ЕУ без договор, како и договорот на Меј, кој досега двапти беше отфрлен со мнозинство гласови, потоа норвешки стил на договор, кој ќе ја држи Британија во единствениот пазар на ЕУ, но, не како полноправна членка, како и опција да се одржи втор референдум за Брегзит или да се повлече британската апликација за напуштање на блокот.

Дури и Долниот дом да обезбеди мнозинство за една од овие опции за Брегзит, сагата нема да заврши тука.

Аналитичарите велат дека деновите на Меј во кабинетот се бројат, како се зголемува хаосот во британската политика, и со повеќе од 12 членови на нејзиниот кабинет кои бараат од неа да се откаже.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG