Линкови за пристапност

Брегзит ќе се одрази и врз патувањето на Британците со нивните миленици


Британија ја почна новата година надвор од Европската Унија

Британија ја почна новата година надвор од Европската Унија, напуштајќи го трговските правила на единствен пазар, првпат во речиси половина век, објави Франс-прес.

Брегзит, кој доминира во политиката од 2016 година, стана реалност еден час пред полноќ, ставајќи крај на 48-годишните обврски на Обединетото Кралство за следење на правилата на Брисел.

Со тоа заврши и слободното движење на преку 500 милиони луѓе меѓу Британија и 27-те членки на ЕУ.

Весниците на првиот ден во новата година ја објавија историската промена, проследена со длабоки поделби, која ќе има последици врз идните генерации.

Сега вниманието е свртено кон британските граници и морските пристаништа, да се види дали крајот на трговијата и патувањето би предизвикало препреки.

Како што првиот траект тргна од пристаништето на Довер раноутрово, камионите кои влегоа во Кале, првпат требаше да се соочат со новите правила за транспорт на стока до и од копното на Европа.

Според проценките на надлежните, околу 220 милиони нови формулари сега ќе треба да се пополнуваат секоја година за да се дозволи да се одвива тргвијата со државите во ЕУ, вклучувајќи и дозволи за возење на патиштата кон пристаништата, како Довер.

Други промени вклучуваат колку долго Британците ќе можат да ги посетат нивните домови за одмор, патувањето со миленици, како и крај на британската вклученост во студентската програма на ЕУ.

Во Северна Ирска, ирската граница ќе биде набљудувана одблизу за да се осигура дека движењето е неограничено, што беше главно да се постигне мировниот договор во 1998 година.

Шкотска, која е поддржувач на ЕУ, денес сигнализираше јасен знак за ново гласање за независност, најавувајќи ѝ на Европа дека ќе се врати брзо.

И покрај неизвесноста, британскиот премиер Борис Џонсон е оптимист, велејќи дека Брегзит нуди можности непознати во современото сеќавање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG