Линкови за пристапност

Меј ќе биде домаќин на Трамп пред да замине од функцијата


Нејзината оставка, сепак, најверојатно нема да разјасни кога и под какви услови Британија ќе ја напушти Унијата, велат аналитичарите

Тереза Меј е третиот конзервативен лидер жртва на партиските поделби околу членството на Британија во Европската Унија, по Маргарет Тачер и Дејвид Камерон.

Соочувајќи се со партиски револт и закани за масовни оставки, Меј денес го најави повлекувањето, но, ќе остане премиерка додека да се избере нов конзервативен лидер, и ќе остане на чело на Владата како домаќин на посетата на претседателот на САД Доналд Трамп наредниот месец.

Нејзината оставка, сепак, најверојатно нема да разјасни кога и под какви услови Британија ќе ја напушти Унијата, велат аналитичарите.

Нејзиниот наследник ќе треба да се соочи со истиот предизвик, односно да ги намали поделбите меѓу оние кои сакаат и оние што не сакаат да ја напуштат ЕУ.

Поддржувачите на Брегзит бараат целосно излегување од ЕУ, и не сакаат никакви преговори за трговски договор со Брисел, додека нивните противници сега се надеваат дека ќе го поноват референдумот од 2016 година, со цел Британија да остане членка на Унијата.

Засега не е јасно како Британија ќе излезе од ваквата ситуација, ниту пак како ќе и` одат во корист резултатите од Европските парламентарни избори што треба да завршат в недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG