Линкови за пристапност

Брегзит одложен до 31 октомври


Дополнителни шест месеци се доволно време за британските лидери да изнајдат најдобро решение, рече претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск

Лидерите на Европската Унија денеска се согласија да ѝ дозволат на Велика Британија до 31 октомври да излезе од регионалниот економски блок.

Ваквото продолжување на рокот за излез доаѓа откако британските лидери не успеаја да се договорат за начинот на напуштање на Унијата пред предвидениот краен рок на 29 март или другиот краен рок предвиден за овој петок.

Со ова, барем засега, се исклучува можноста Британија да ја напушти ЕУ без план, што би значело и економска и патна неизвесност.

„Во овој период текот на акцијата целосно ќе биде во рацете на Велика Британија“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск. „Сеуште може да се ратификува Договорот за повлекување и во тој случај продолжувањето ќе биде прекинато. Исто така може да се преиспита целата стратегија на Брегзит.“

​Туск рече дека дополнителни шест месеци се доволно време за британските лидери да изнајдат најдобро решение.

„Ве молам, не трошете го времето овој пат“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG