Линкови за пристапност

Крајниот рок за Брегзит одложен за 22 мај


Ако следната недела Меј не успее да ги убеди законодавците да го прифатат нејзиниот план, рокот за излегување од Унијата ќе биде 12 април

Лидерите на Европската унија се согласија да го продолжат крајниот рок за Брегзит, со цел да им дадат повеќе време на премиериката Тереза Меј и на британскиот Парламент да донесат заедничка одлука.

Новиот рок за Брегзит сега е поместен за 22 мај, ако следната недела Меј успее да ги убеди законодавците во Парламентот да го прифатат нејзиниот план за излегување од Блокот што, пак, тие досега двапати го одбија со мнозинство гласови.

Со овој договор се спречува можноста Британија да излезе од Унијата на 29 март, иако ова и натаму останува опција по неколку недели.

Ако не успее да ги убеди законодавците да го прифатат нејзиниот план, Меј ќе добие пократок рок за излегување од Унијата, односно 12 април.

Сепак, Британија ќе може да остане подолго во Блокот ако одлучи дека и` треба повеќе време суштински да размисли за Брегзит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG