Линкови за пристапност

Напредок во преговорите за Брегзит


Се очекува да биде поддржан договорот за условите на финансиското решение на Велика Британија, статусот на ирските граници и правата на граѓаните погодени од Брегзит

Велика Британија и Европската унија денес објавија детали во однос на излезот на земјата од Унијата.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, за време на прес-конференцијата во Брисел со британската премиерка Тереза Меј, изјави дека преговорите со Брегзит сега треба да продолжат со трговските договори, бидејќи беше направен „доволен напредок“ во првата фаза што ги опфаќа прашањата за отцепувањето.

Состанокот во Брисел кон крајот на оваа недела, од лидерите на ЕУ се очекува да го поддржат договорот за условите на финансиското решение на Велика Британија, статусот на ирските граници и правата на граѓаните погодени од Брегзит.

Договорот вели дека за прашањето на ирската граница Британија „ќе го задржи целосното усогласување“ со единствениот пазар на ЕУ, царинските правила кои го поддржуваат мирот, соработката и економијата на Ирска.

ЕУ постави краен рок до недела, откако разговорите беа прекинати во понеделникот, кога сојузниците на Северна Ирска се спротивставија на условите за идните договори за ирската граница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG