Линкови за пристапност

Британската премиерка се соочува со гласање за недоверба


Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј се соочува со гласање за недоверба откако Парламентот не даде зелено светло за нејзиниот предлог договор со Брисел за излегување на земјата во Европската унија.

Џереми Корбин, лидерот на лабуристите изјави дека прашањето за недоверба на владата на Меј го покренал веднаш после вчерашното гласање на парламентарците.

Доколку биде изгласана недоверба, тогаш во Британија ќе треба да се одржат нови избори. Сепак, повеќето аналитичари сметаат дека Меј ќе го преживее гласањето. Воедно и од малата партија на Северна Ирска, на чија поддршка се потпира премиерката, истакнале дека ќе гласаат за сегашната влада.

На вчерашното гласање се случи дебакл, во кој се вклучија повеќе од 100 претставници од владејачката, Конзервативна партија, со тоа што одбија да го поддржат спорниот договор за Брегзит.

Поразот на владиниот предлог внесува уште поголема несигурност за земјата во пресрет на 29 март, датумот кога Британија треба да излезе од ЕУ.

Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мајкл Барниер изјави дека ризикот од непостигнување договор со Британија пред крајниот рок никогаш не бил толку голем.

Вчерашното историско гласање на пратениците го остави да виси целиот Брегзит-проект, со многу нејаснотии и прашања за тоа како, кога и дали воопшто Британија ќе излезе од Европската унија.

Договорот на Меј што требаше да го одреди начинот на кој земјата ќе се раздели од ЕУ доби поддршка само од 202 пратеници. Против гласаа 432 пратеници.

XS
SM
MD
LG