Линкови за пристапност

Џонсон најави предвремени избори ако се одложи Брегзит


Ова е единствено решение ако парламентраците гласаат да се прекинат преговорите, рече британскиот премиер

Опозициските законодавци во Британија денес се очекува да претстават закон за повторно да го одложат излегувањето од Европската Унија, со цел да се постигне нов договор за Брегзит.

Премиерот Борис Џонсон, кој се заложи дека ќе го спроведе Брегзит до 31 октомври, вели дека нема друг избор освен да повика на предвремени избори.

„Граѓаните на оваа држава ќе треба да одберат. Јас не сакам избори, но, ако парламентраците гласаат да се прекинат преговорите и да предизвикаат уште едно одлагање на Брегзит, потенцијално за години, тогаш тие бие биле единствен начин да се реши ова“, рече Џонсон.

Со вчерашното гласање од 328 наспроти 301 гласови во Долниот дом на Парламентот, законодавците може да го вратат расположението да се одложи излегувањето на Британија од ЕУ, и да го блокираат планот на Џонсон за Брегзит без договор.

Групата парламентарци, која вклучува членови и од Лабуристичката и од Конзервативната партија, вели дека Владата инсистира на штетен Брегзит, ставајќи животи во ризик.

Дури и да успеат да го спречат планот на Џонсон, играта за Брегзит е далеку од завршена, а резултатот од случувањата оваа недела многу веројатно ќе биде избори оваа година.

Законодавците кои ја поддржуваат Европската Унија, и оние што стравуваат од можна економска штета во случај на Брегзит без договор, велат дека Џонсон би можел да ги помести изборите за после 31 октомври, датумот на кој Британија треба да ја напушти Унијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG