Иднината на Брегзит станува уште понесигурна, откако британскиот Парламент ги одби 16-те различни опции за договорот за излегување од Европската Унија.
Долниот дом го презеде Брегзит од премиерката Тереза Меј, која досега не успеа да обезбеди поддршка тој да помине.
Парламентарците почнаа да дебатираат за 16 планови, кои беа намалени до осум, но, на крај сите беа одбиени.
Меј рече дека ќе се повлече од премиерската функција порано отколку што имала намера, ако законодавците го прифатат договорот што таа го преговараше со ЕУ.
Европската Унија и` даде на Британија рок до 12 април да се најде решение, или ќе треба да ја напушти Унијата без договор, што би можело да доведе до економски хаос.
Facebook Forum