Линкови за пристапност

Трамп: Тероризмот е закана за верската слобода


На Националниот молитвен појадок, претседателот нагласи дека САД ќе бидат држава, во која граѓаните ќе живеат без страв од насилство

Претседателот на САД Доналд Трамп на денешниот Национален молитвен појадок, рече дека тероризмот е „фундаментална закана за верската слобода“.

На настанот, на кој присуствуваа политички и верски лидери од цел свет, и на кој годишно доаѓаат повеќе од 3.000 луѓе, Трамп нагласи дека „тероризмот мора да биде спречен, и ќе биде. Можеби нема да биде убаво некое време, но ќе биде спречен“.

Трамп вети дека неговата администрација ќе развие систем „кој ќе осигура дека тие што ќе добијат влез во нашата држава ќе ги прифатат и почитуваат нашите вредности, верска и лична слобода, и ќе одбијат каква било форма на суровост и дискриминација“.

Во неговиот говор, Трамп рече:

„Среќавам луѓе низ цела Америка, чии молитви и храброст се постојан извор на цврстина. Она што го слушам многу често кога патувам низ државата, се пет зборови кои секој пат ме трогнуваат, а тоа се - јас се молам за вас. Америка е држава на луѓе кои веруваат. Квалитетот на нашите животи не е дефиниран од нашиот материјален успех, туку од нашиот духовен успех. Оваа администрација ќе направи се` за да ја одбрани верската слобода во државата “, изјави Трамп.

Тој нагласи дека Америка мора да остане држава на толеранција.

„Ќе бидеме држава во која сите граѓани ќе ги уживаат нивните слободи, без страв од насилство. Сакаме луѓето да доаѓаат во нашата држава, но, сакаме тие да не сакаат нас и нашите вредости, а не да не` мразат“, вели Трамп.

Молитвениот појадок се организира заедно со Фондацијата „Фелоушип“ од 1953-та година, непрофитна организација на луѓе „обединети во вербата“ во Исус и членови на Комисија на Конгресот.

Двајт Ајзенхауер е првиот претседател на САД кој зборувал на овој настан.

XS
SM
MD
LG