Линкови за пристапност

Во немирите во бразилски затвор загинаа 57 лица


Најмалку 57 затвореници загинаа во немирите кои се случија во затвор во северниот дел на Бразил.

Немирите започнале вчера во затворот Алтамира во северната сојузна држава Пара. Шефот на државниот затвор Јарбас Васконселос кажа дека членовите на бандата, Командо Класа А запалиле ќелијата во која имало затвореници од ривалската банда, Командо Вермелхо.

Од видеата прикажани на локалните медиуми може да се види дека огнот се проширил и надвор од затворот.

Властите соопштија дека 16 од загинатите затвореници биле обезглавени. За време на немирите, двајца затворски чувари биле земени како заложници, но подоцна ослободени.

Инцидентот потсетува на немирите во мај кога во соседната сојузна држава Амазонас беа убиени 55 затвореници.

Групите за заштита на човекови права ја обвинија владата на Бразил дека работи малку за да се справи со проблемот со пренатрупаните затвори во државата.

Бројот на затвореници се зголеми од 500.000 колку што имаше пред една деценија на околу 841.000 минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG