Линкови за пристапност

Не можам да ја поднесам изолацијата, вели бразилскиот претседател Болсонаро


Тој денес има уште еден тест за КОВИД-19, откако беше дијагностициран позитивен пред речиси една недела

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, која се наоѓа во самоизолација речиси една недела откако беше дијагностициран со КОВИД-19, денес има уште еден тест за коронавирус.

Во изјава за Си-ен-ен, Болсонаро рече дека очекува да ги добие резултатите брзо, и оти се чувствува добро, иако не можел да ја поднесе изолацијата.

Од почетокот на пандемијата, бразилскиот претседател ја потценуваше сериозноста на заразата, критикувајќи ги бразилските гувернери за воведување на рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Бразил е втора држава во светот, според бројот на заразени, веднаш зад САД.

Досега се регистрирани повеќе од 1,8 милиони заразени, и над 72.800 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG