ВАШИНГТОН —
Најмалку 58 лица загинаа при уривање на брана во југоисточен Бразил во петокот. Надлежните велат дека бројот на жртви се очекува да расте, а се стравува дека најмалку 300 лица се заглавени под тони кал.
Спсувачките операции вчера кусо беа прекинати поради најава за можно урување на друга брана, па тамошните жители беа евакуирани додека траеше обезбедувањето на браната.
Браната, поседувана од рударска компанија, се урна во петокот и поплави стотици рудари за време на нивната пауза за ручек.
Слична катастрофа имаше и во 2015-та година, кога при рушење на брана загинаа 19 лица.
Facebook Forum