Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ја прифаќа помошта од четири чилеански авиони во борбата против пожарите во дождовните шуми во Амазонија. Истовремено тој продолжи да го критикува францускиот претседател Емануел Макрон.
Неговите критики доаѓаат еден ден откако рече дека неговата земја ќе прифати 20 милиони американски долари помош од земјите на Г-7 за борба против пожарите, само доколку Макрон го повлече она што Болсонаро го смета за навредлива забелешка.
Додека Болсонаро рече дека Бразил е подготвен да прифати „билатерални“ понуди за помош, тој ги обвини Германија и Франција дека се обидуваат да го „купат“ суверенитетот на Бразил.
Facebook Forum