Линкови за пристапност

Нов инцидент што инволвира проститутки и Американци


Американските официјални лица се справуваат со друг срамотен инцидент што инволвира проститутки и американски владин персонал стациониран во Латинска Америка.

Официјални лица на одбраната велат дека тројца американски Маринци стационирани во американската амбасада во Бразил и службеник во амбасадата ангажирале две проститутки во ноќен клуб минатиот декември. Една од проститутките вели дека лицата ја турнале од автомобилот и кога се обидела да влезе повторно во возилото, паднала на земја при што била повредена.

Друг американски претставник вели дека амбасадата ја нашла жената и ги платила медицинските трошоци.

Ова е откриено по скандалот што инволвира армија и персонал на Тајната служба и проститутки, во Картагена, Колумбија порано месецов, пред американскиот претседател Барак Обама да пристигне за Самитот на американските држави. Осуммина агенти на Тајната служба се или отпуштени од работа или си дале отказ во врска со инцидентот, додека еден ќе го загуби трајно безбедносното одобрение за работа на место што бара минување низ безбедносна процедура.

Секретарот за одбрана Леон Панета на новинарите во вторник во Бразилија, главниот град на Бразил, им кажа дека сите тројца Маринци биле дисциплинирани во бразилскиот инцидент.

Службеникот во амбасадата бил отстранет од местото. Повредената проститутка покренала судска постапка против амбасадата во врска со случајот.

XS
SM
MD
LG