Линкови за пристапност

Божиќните прослави во Витлеем откажани поради војната


И во Назарет, градот каде што христијаните веруваат дека Исус живеел голем дел од својот живот, божиќните прослави се намалени во знак на солидарност со Палестинците во Газа
И во Назарет, градот каде што христијаните веруваат дека Исус живеел голем дел од својот живот, божиќните прослави се намалени во знак на солидарност со Палестинците во Газа

Божиќ, и деновите пред него, обично се сезона во Витлеем. Но, оваа година, палестинскиот град на Западниот Брег ги откажа сите свечености поради војната меѓу Израел и Хамас.

И во Назарет, градот каде што христијаните веруваат дека Исус живеел голем дел од својот живот, божиќните прослави се намалени во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Христијанските лидери за Гласот на Америка изјавија дека е невозможно да има славеничко расположение во овој момент, како што сопствениците на бизниси велат дека трговијата драстично паднала бидејќи туристите и аџиите се држат настрана поради војната.

Минатата година Назарет на Божиќ беше преполн со туристи и аџи, а годинава улиците се празни. Елка нема. П

„Тоа е многу лоша ситуација, многу тажна ситуација. Гледаме илјадници луѓе кои починаа, деца и бебиња. Дури и за време на коронавирусот направивме големо дрво. Прославивме. Не како оваа година“. велат свештениците.

Гласот на Америка можеше да разговара по телефон со Набил Тарази, христијанин во Газа, каде што прекините во комуникацијата се вообичаени.

Тој рече дека палестинските христијани се обидуваат да се засолнат од израелското бомбардирање во црквите.

Тарази вели дека во Газа нема прослава на Божиќ или Нова година и дека најмалку 23 христијани се убиени, од кои повеќето во цркви.

Тој вели дека владее атмосфера на смрт.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, предизвикана од масакрот на околу 1.200 Израелци од страна на милитантната група на 7 октомври, палестинските здравствени власти соопштија дека речиси 20.000 луѓе биле убиени во Газа.

Христијанските лидери во Назарет и многу други израелски градови, вклучително и Витлеем, родното место на Исус, се координираа да ги намалат прославите оваа година.

Тие велат дека ова никогаш порано не се случило, од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во 1940-тите, но страдањата во Газа оваа година се толку големи, нешто што морало да се направи.

Во продавница која продава божиќни украси, сопственичката Џоан Битал вели дека тоа што нема аџии и туристи има големо влијание врз трговијата.

„Оваа година, за жал, поради војната, продажбата падна за седумдесет, осумдесет проценти, се разбира дека економски многу ни влијае, но фала богу моето семејство е безбедно“, вели таа.

Набила Еспаниоли, мировен активист во Назарет, истакнува дека една од централните пораки на Божиќ е мирот и вели дека глобалната заедница треба да се здружи за да ги прекине борбите.

„И ако можеме, целиот свет, да се обединиме со оваа порака, тогаш мислам дека можеме да направиме промена“, вели Еспаниоли.

Како што се приближува Божиќ, мирот во Газа изгледа далеку.

XS
SM
MD
LG