Линкови за пристапност

Девојчиња ќе можат да добиваат чинови во организацијата на момчиња извидници


Од денес девојчиња ќе можат да им се приклучат на момчињата извидници и да добиваат чинови во организацијата.

Девојчињата можеа да се приклучат на организацијата уште од пред една година, но од денес оние на возраст од 11 до 17 години ќе можат да учествуваат во програмите со кои може да се стаса до највисокиот ранг на организацијата, кој се нарекува „Игл скаут“.

Засега не се планирани заеднички едукативни групи. Момчињата и девојчињата ќе можат да напредуваат во организацијата како членови на различни групи.

Во соопштението на веб страницата на Организацијата на момичиња извидници на САД се вели: „Раководството на утврди дека најдобар начин да им искажеме добредојде на девојчињата кои им служат на семејствата е да им понудиме уникатен модел кој се заснова на докажани придобивки од нашата еднородова програма, истовремено обезбедувајќи карактер и можности за лидерство и за момчиња и за девојчиња“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG