Линкови за пристапност

И девојчиња во Американското машко извидничко друштво


Девојчињата ќе можат да се приклучат во групите за млади учесници од почеток на 2018-та година

Американското машко извидничко друштво најави дека ќе им дозволи на девојчињата да се приклучат во клубовите на различни нивоа.

„Вредностите на извидниците, како одговорност, лојалност, учтивост, храброст и почитување, се важни и за момчињата и за девојчињата“, изјави Мајкл Сурба, извршен директор на Машкото извидничко друштво на Америка.

Девојчињата ќе можат да се приклучат во групите за млади учесници од почеток на 2018-та година.

Овие клубови ќе бидат поделени на машки и на женски, а повозрасните девојчиња, исто така, ќе имаат можност да напредуваат до највисок ранг.

Во февруари, Машкото извидничко друштво, кое постои 107 години, најави дека извидничките програми ќе бидат отворени и за трансродови деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG