Линкови за пристапност

Филмот „Игри на гладта“ заработи 155 милиони долари


Викендот кога почна да се прикажува филмот продадени се влезници во износ од 155 милиони долари што го става близу врвот на домашни рекорди.

Огромната заработувачка е трето најдобро деби воопшто, зад 169,2 милиони долари на минатогодишното отворање на финалето на „Хари Потер“ и 158,4 милиони долари на отворањето на „Темниот витез“ во 2008-ма.

Конечните цифри на заработка, во САД и Канада, што ќе ја вклучат и продажбата од последниот ден на викендот, се очекуваат во понеделник.

XS
SM
MD
LG