Линкови за пристапност

Еритрејски Американец победи на Бостонскиот маратон


Сите што лани не успеаа да ја завршат трката заради терористичките напади беа поканети назад, така што цифрата на учесници нарасна на 36.000.

Натурализираниот Американец по потекло од Еритреја, Меб Кефлезиги стана првиот Американец во децении што победил на Бостонскиот маратон, на првата годишна трка организирана по минатогодишниот бомбашки напад во кој три лица загинаа и стотици беа ранети.

Кефлезиги мина ниц финишот со време од два часа, осум минути и 37 секунди. Тој го победи Кениецот Вилсон Чабет за 11 секунди.

Ниеден американски тркач не победил на оваа трка од 1985, и ниеден американски маж не победил од 1983.

Кенијката Рита Јепто победи меѓу жените, трет пат по ред, со рекордно време од два часа 18 минути и 57 секунди. Етиопјанката Бузунеш Деба заврши на второ место, нешто над една минута потоа.

Овогодишната трка вклучи поголем број учесници, околу 36.000 луѓе, што е повеќе од 2013-та кога учествува 27.000.

На страна на мажите учествуваа петмина од најбрзите шест кои ја завршија трката минатата година.

Неколку илјади тркачи кои ја започнаа трката минатата година но не ја завршија, беа исто така поканети назад на оваа трка.

Скот Кенеди кој не трчаше минатата година, беше еден од многуте кои зборуваа во неделата за тоа што за нив значи понеделничката трка рече:

„Само да им покажеме на терористите дека не можат да победат“.

Две бомби експлодираа близу целната линија минатата година, подметнати од браќата етнички Чеченци Тамерлан и Џохар Царнаеви. Потрагата заврши со убиство на Тамерлан во престрелка со полицијата и апсење на Џохар во бостонска населба.
XS
SM
MD
LG