Линкови за пристапност

Една година од нападот на Бостонскиот маратон


Браќата Царнаеви со домашно изработени бомби, на овој ден лани, убија три лица и ранија повеќе од 250 други.

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, се приклучува на локалните лидери во Бостон во вторник за церемонијата на одбележување на една година од смртоносниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон.

Бајден треба да зборува на настанот заедно со градоначалникот на Бостон, Мартин Волш, и гувернерот на Масачусетс, Девал Патрик. Организаторите велат дека собирот ќе биде посветен на оние чии животи биле пореметени од бомбашкиот напад, и ги вклучува семејствата на жртвите и медицински персонал.

Две бомби експлодираа во близина на целта минатата година, убивајќи три лица и ранувајќи повеќе од 250 други.

Властите велат дека браќата Тамерлан и Џохар Царнаеви го извеле нападот користејќи бомби изработени рачно од експрес лонци.

Експлозијата предизвика повеќедневна потрага по сторителите што заврши со убивање на Тамерлан Царнаев во престрелка со полицијата и ранување на Џохар кој беше уапсен во бостонско предградие.

Џохар треба да излезе пред суд на 30 ноември со обвинение по 30 федерални основи за што може да добие цмртна казна.
XS
SM
MD
LG