Линкови за пристапност

Осомничениот бомбаш од Бостон кажа дека не е виновен


Џохар Царнаев за прв пат се појави пред федерален суд за да му бидат прочитани обвиненијата.

Осомничениот бомбаш на Бостонскиот маратон Џохар Царнаев се произнесе дека не е виновен по сите обвиненија во врска со двете смртоносни експлозии на линијата на целта на трката од 15 април.

Царнаев ова го кажа во среда во федерален суд во Бостон, повторувајќи дека не е виновен по читањето на секое од 30-те основи на обвинението.

Обвиненијата против него вклучуваат користење на оружје за масовно уништување. Доколку биде осуден, 19-годишниот Царнаев се соочува со смртна казна или со доживотен затвор.

Ова беше прво појавување во јавноста на Царнаев по апсењето неколку дена по бомбашките напади.

Три лица се убиени и повеќе од 260 повредени во експлозиите. Царнаев е исто така обвинет за убиство на полицаец неколку дена по бомбашките напади. Во тоа време, тој и неговиот постар брат Тамерлан, се обидувале да избегаат од властите откако безбедносни камери ги покажале на националната телевизија како одат во близина на маратонот пред експлозиите.
XS
SM
MD
LG