Линкови за пристапност

Американците ги испрашуваат родителите на осомничените бомбаши во Дагестан


Истражителите сакаат да знаат дали Тамерлан Царнаев имал контакт со некоја радикална група за време на патувањето во регионот минатата година.

Американските истражители отпатувале во руската република Дагестан да ги интервјуираат родителите на двајца осомничени во минатонеделниот бомбашки напад во Бостонскиот маратон.

Претставниците на американската амбасада велат дела тимот на истражители работи со руската влада.

Еден од осомничените, Тамерлан Царнаев шест месеци престојувал во Дагестан и Чеченија минатата година. Истражителите сакаат да знаат дали осомничениот имал контакт со некоја радикална група за време на патувањето.

Американските законодавци разговараа за истото патување во вторник кога покренале загриженост за споделувањето на разузнавачките податоци меѓу агенциите за спроведување на законот.

Сенаторот Линдзи Грем кажа дека од ФБИ му кажале дека не знаеле за патувањето на Цернаев во тоа време.

Шефицата за домашна безбедност, Џенет Наполитано, на сенатската Комисија за разузнавање и` кажа дека нејзината агенција знаела за патувањето, но дека предупредувањето на ФБИ за Цернаев истекло до времето кога тој се вратил.

ФБИ го интервјуирало Цернаев во 2011 на барање на Русија, но не нашло никаква врска меѓу него и тероризмот во тоа време.
XS
SM
MD
LG