Линкови за пристапност

Обвинет осомничениот за бостонскиот бомбашки напад


Американските власти го обвинија 19-годишниот Џохар Царнаев за употреба на оружје за масовно уништување, што може да му донесе смртна казна.

Американските власти го обвинија осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон за употреба на оружје за масовно уништување, обвинение што може да донесе смртна казна доколку биде осуден за минатонеделните експлозии што убија три лица и повредија над 170 други.

Деветнаестгодишниот осомничен Џихар Царнаев беше обвинет во болничката соба, додека властите се обидуваат да ги дознаат мотивите зад двете експлозии. Тој исто така е обвинет за уништување на сопственост со зла намера.

Генералниот правобранител Ерик Холдер кажа дека обвиненијата покажуваат „дека оние кои целат на невини Американци и се обидуваат да ги тероризираат нашите градови нема да избегаат од правдата“.

Царнаев е хоспитализиран и под стража, и не може да зборува заради повредата на вратот за која истражителите велат дека може самиот да си ја нанел. Но, Царнаев, се јавува, дека одговара на прашањата со пишување.

Во меѓувреме, Бостон се врати на нормала до некој степен во понеделник. Луѓето одат на работа, децата во училиште, и бизнисите ги отворија вратите.
XS
SM
MD
LG