Линкови за пристапност

Кои се чеченските осомничени?


Луѓе кои ги познавале Џохар и Тамерлан Царнаев ги опишуваат како умни, атлетичари и пријатели.

Американските спроведувачи на законот велат дека двајцата осомничени во понеделничкиот бомбашки напад на Бостонскиот маратон се легални американски граѓани со чеченско потекло, идентификувани како 19-годишен Џохар Царнаев и 26-годишниот Тамерлан Царнаев.

Официјалните лица велат дека постариот брат умрел од повреди здобиени за време на престрелка со полицијата. Џохар, осомничениот со бела капа на сликите е оној кого полицијата го бара.

Браќата се верува дека живееле во Кембриџ, Масачусетс, и дека имале најмалку една сестра.

Млад Чеченец кој живее во Бостон за Рускиот сервис на Гласот на Америка кажа дека семејството живеело главно во Централна Азија пред да дојде во САД пред осум години.

Повеќе извори, вклучувајќи го и Темирмагомед Давудов, директор на училиште во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан, вели дека Царнаеви оригинално се од Киргистан и од чеченска етничка група. Директорот кажа дека двајцата враќа Царнаеви оделе во неговото училиште пред да заминат за САД во 2002.

Пријателите на двајцата велат дека тие биле умни и спортисти, дека постариот сакал да боксува, а помладиот бил борач.

Џохар Царнаев завршил средно училиште во 2011, на околу пет километри од центарот на Бостон.
XS
SM
MD
LG