Линкови за пристапност

Обама: Бостонскиот бомбашки напад е „терористички акт“


Претседателот на прес конференција кажа дека нападот е “гнасен и подол акт“. Но тој рече дека официјалните лица се` уште не знаат кој гo извел и зошто.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека ФБИ го истражува понеделничкиот смртоносен бомбашки напад на Бостонскиот маратон како „акт на тероризам“.

Претседателот Обама на прес конференција кажа дека нападот е “гнасен и подол акт“. Но тој рече дека официјалните лица се` уште не знаат кој ги извел нападите и зошто.

ФБИ вели дека истрагата по двојната експлозија ќе биде „низ цел свет“ и властите ќе „одат до крајот на светот“ да ги идентификуваат оние кои се одговорни за овој „презирлив криминал“.

Три лица беа убиени во експлозиите, вклучувајќи и 8-годишно дете. Комесарот на бостонската полиција Ед Дејвис кажа дека 176 лица биле повредени, од кои 17 критично. Голем број жртви изгубиле рака или нога.

Претставниците за контра-тероризам кажаа дека бостонските бомби биле направени од експлозиви спакувани во експрес-лонци со парчиња метал и шајки додадени за шрапнел.

Гувернерот на Масачусетс Девал Патрик потврди дека се најдени само две експлозивни направи, и тоа двете кои експлодирале. Официјални лица велат дека нема други закани.

Експлозиите се случиле околу четири часа од почетокот на трката, и долго откако победниците завршиле, но кога голем број од тркачите и нивните поддржувачи се се` уште околу завршната линија. Натпреварот привлече над 23 илјади тркачи од цел свет.

Етиопскиот атлетичар Лелиса Десиса победи на трката.

„Многу ми е жал за изгубените животи во овие бесмислени бомбашки напади. Сите ние бевме заминати во хотелските соби да се подготвиме за лет назад до Вашингтон кога на телевизијата слушнавме што се случило. Ова нема да ме поколеба во иднина да трчам маратони. Тоа нема да ме заплаши“, вели тој.

Претседателот Обама нареди американските знамиња да се веат на половина копје.
XS
SM
MD
LG