Поголем број тркачи денес се очекува да минат низ финишот на Бостонскиот маратон, една година по бомбашкиот напад што фрлија сенка врз една од најпрестижните тркачки настани во светот.
За денешниот маратон се регистирани 36.000 лица. Лани беа пријавени 27.000.
Меѓу денешните маратонци се петмина од шесте кои први минаа низ целта лани, вклучувајќи го и минатогодишниот шампион Лелиса Десиса од Етиопија.
Од женската конкуренција, Рита Јепто од Кенија ќе се обиде да го повтори успехот од 2013-та, заедно со сонародничката Шерон Чероп и Американката Шалејн Фланаган – кои лани ги освоија првите четири највисоки места.
Неколку илјади маратонци кои лани не успеаја да ја завршат трката во Бостон и годинава добија покана да учествуваат на тркачката манифестација.
Скот Кенеди, кој не трчаше во Бостон лани, беше еден од многумината кој се осврна на поширокото значење за денешниот маратон.
„Да им покажеме на терористите дека не можат да победат. Токму тоа и ќе го сториме, 36.000 лица“.