Линкови за пристапност

Победникот на Бостонскиот маратон го подарува медалот на градските власти


Лeлиса Десиса вели дека спортот нема никогаш да се користи како воено поле.

Победникот на овогодишниот Бостонски маратон Лелиса Десиса по потекло од Етиопија, изјави дека ќе го даде својот медал на градот во знак на почит за загинатите во бомбашкиот напад во април.

Десиса во неделата се сретна со државниот секретар Џон Кери во американската амбасада во Адис Абеба. Тој подвлече дека „спортот нема никогаш да се користи како воено поле“.

Етиопскиот тркач додаде дека наредната недела повторно ќе учествува на настанот во знак на солидарност со жртвите на нападите. Десиса истакна дека враќањето во Бостон ќе покаже дека определеноста за слобода е посилна од каков било акт на насилство.

Во нападите за време на Бостонскиот маратон што се одржа на 15-ти април, загинаа три лица, а повредени беа преку 260 други. Осомничениот по потекло од Чеченија во моментов се наоѓа во затвор, а неговиот брат, за кој се верува дека бил соученик, загина во престрелка со полицијата.
XS
SM
MD
LG