Линкови за пристапност

Разурнати куќи, еден загинат и илјадници евакуирани по експлозиите на гас во близина на Бостон


Загинатиот е осумнаесетгодишник врз чијшто автомобил паднал оџак од куќа во која се случила детонација

Повеќе од 8.000 луѓе се евакуирани после серијата експлозии на гас што во четвртокот вечерта се случија во близината на Бостон, а во кои еден тинејџер го загуби животот и беа опожарени десетици домови.

Во градовите Лоренс, Ендовер и Северен Ендовер дојде до големи експлозии и пожари. Загинатиот е осумнаесетгодишник врз чијшто автомобил паднал оџак од куќа во која имало детонација. Во хаосот што настанал после експлозиите биле повредени дваесетина луѓе.

Околу 400 лица ноќта ја поминале во привремени засолништа откако властите во сојузната држава Масачусец, каде се случија експлозиите, наредија итна евакуација. Гувернерот Чарли Бејкер истакна дека е можно да поминат и повеќе денови пред евакуираните да можат да се вратат во своите домови.

Гувернерот изјави дека се истражуваат причините за експлозиите и ја проверуваат секоја куќа што е под мрежата на „Колумбија гас“, компанијата што ја врши доставата на гас. Ќе бидат проверени 8.600 домови, а дотурот на гас во нив ќе биде прекинат додека не се добијат гаранции дека нема опасност за нова хаварија.

XS
SM
MD
LG