Телото на осомничениот напаѓач на маратонот во Бостон, Тамерлан Царнаев, е погребано, но надлежните органи не ја откриваат локацијата, ниту идентитетот на лицето што тоа го сторил.
Полицијата во Ворчестер, сојузната држава Масачусетс истакна дека „храбар и сочувствителен поединец“, понудил да го погребе 26-годишниот Царнаев.
Веќе неколку дена директорот на погребалната служба на Ворчестер, изјави дека не бил во состојба да најде некого кој ќе обезбеди место за закоп.
Царнаев загина на 19-ти април во судир со полицијата. Тоа се случи четири дена откако властите го обвинија него и неговиот брат Џохар Царнаев за изведување на двојните напади за време на Бостонскиот маратон, во кои загинаа три лица, а повредени преку 250 други. Еден ден потоа 19-годишниот Џохар беше уапсен и во моментов се соочува со обвинение за заговор за употреба на оружје за масовно уништување.