Линкови за пристапност

Полицијата уапси протестанти на „Окупирајте го Бостон“


Полицијата уапси протестанти на „Окупирајте го Бостон“
Полицијата уапси протестанти на „Окупирајте го Бостон“

Лицата биле уапсени по предупредување од полицијата која барала нивно преместување од јавен простор

Полицијата во североисточниот американски град Бостон уапси десетина анти-капиталистички протестанти поврзани со движењето Окупирајте го Вол Стрит, што се рашири во неколку поголеми градови во САД.

Локалните медиуми и полицијата велат дека апсењата започнале рано во вторник откако демонстрантите се оглушиле на барањето на полицијата да го поместат протестот од јавен простор на кој неодамна било изведено реновирање од голем размер.

Неколку часа пред да почнат апсењата, полицијата писмено ги предупредила протестантите, многумина од кои се поврзани со групата Окупирајте го Бостон, што е огранок на движењето Окупирајте го Вол Стрит, кое започна минатиот месец во Њујорк.

Окупирајте го Вол Стрит е лабаво организирано движење што одржува протести во различни американски градови. Демонстрантите протестираат заради различни прашања, вклучувајќи ја корпоративната алчност и економската нееднаквост.

XS
SM
MD
LG