Линкови за пристапност

Босна и Херцеговина поднесе апликација за членство во ЕУ


По неуспешниот обид во 2000-та, холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс, изјави дека со задоволство ја гледа Босна назад на реформскиот пат

Босна официјално поднесе барање за членство во Европската унија.

Претседателот Драган Цовиќ ги поднесе документите за влез во европскиот блок од дваесет и осум земји во понеделникот, во Брисел, на холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс.

Босна имаше обид за влез во ЕУ во 2000-та година, но, големите несогласувања со српската, хрватската и муслиманската заедница, пропратена со крвавиот распад на Југославија, ги блокираше потребните реформи.

Цовиќ изјави: ”Задоволството е големо да се има можност да се поднесе ова барање од името на луѓето во Босна и Херцеговина....Хрватите, Србите и Босанците“

Коендерс, чија земја во моментот е претседавач на ЕУ, вели дека ЕУ со задоволство ја гледа „Босна назад на патот на реформите“.

Шефот за надворепни работи на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, во соопштение изјавија „Денес славиме уште еден чекор напред кон сплотен и мирољубив континент“. Тие изјавија дека барањето за влез во ЕУ на Босна „покажува дека потребата од обединет европски континент се' уште е силна помеѓу луѓето“.

XS
SM
MD
LG