Црвениот крст соопшти дека илјадници мигранти се заглавени на границата на Босна и Херцеговина и заради ниските зимски температури се соочуваат со услови опасни по животот.
Од почетокот на годината, повеќе од 23.000 мигранти влегле во Босна и Херцеговина, надевајќи се дека ќе стигнат до Европската унија преку Хрватска.
Повеќето успеа во намерата пред Хрватска да ја затвори границата летово, оставајќи околу 5.300 мигранти на босанска страна.
Меѓународната организација на Црвениот крст вели дека повеќето мигранти живеат во мизерни услови во шатори, напуштени згради и импровизирани кампови.
Портпаролот на Црвениот крст, Метју Кохран, за Гласот на Америка изјави дека овие населби нудат мала или никаква заштита од зимските температури кои можат да паднат и до -15 Целзиусови степени под нулата.
Босанскиот Црвен крст дневно храни околу 3.000 лица, во шест прифатни центри и дистрибуира топла облека, вреќи за спиење и ќебиња. За да продолжи со хуманитарната операција во текот на следните девет до 12 месеци, Црвениот крст побара 3 милиони долари.
Кохран вели дека мобилни тимови исто така ќе дистрибуираат информациите за да ги предупредат мигранти за опасностите од мини и неексплодираните средства, останатите
Оружјето е оставено од војната што се водеше меѓу муслиманското, хрватското и српското население во Босна и Херцеговина помеѓу 1992 и 1995 година.
(Лиса Шлеин)