Линкови за пристапност

Упасен е лидерот на „Обединети за Македонија“


Упасен е лидерот на „Обединети за Македонија“
Упасен е лидерот на „Обединети за Македонија“

Со спектакуларна полициска акција е уапсен еден од истакнатите првенци на опозицијата и учесник на вчерашните парлементарни избори.

Во моментите кога дел од македонските електронски медиуми ги пренесуваа вестите дека набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и Делегацијата на Парламетарното собрание на СЕ соопштиле оти го квалификуваат вчерашниот изборен процес како „различни нијанси на сивата боја“, и дека ЕК излегла со став оти изборите ја покажале политичката зрелост на Македонија, со спектакуларна полициска акција е уапсен еден од истакнатите првенци на опозицијата и учесник на вчерашните парлементарни избори.

Еден од најжестоките критичари на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски, поранешниот член на оваа партија и ексминистер за внатрепни работи Љубе Бошкоски, попладнево е уапсен во ресторанот „Воденица“ во Скопје. Специјаллните полциски единици „Алфи“ го уапсиле Бошкоски пред неговиот син, под сомневање дека сторил две кривични дела - незаконско финансирање на политичка кампања и злоупотреба на службената должност и овластување како одговорно лице во неговата политичка партија.

Според портпаролот на МВР Иво Котевски, при претересот на автомобилот на Бошкоски кого ТВ камери на оделни медиуми го снимаа легнат на стромак со лисици зад грбот, биле пронајдени 100 илјади евра, кои наводно му биле предадени во хартиени кеси и со кои полицијата се сомнева ќе ги плаќал на долговите од кампањата. „Врз основа на судска наредба изминатиот период неколку месеци се применети посебни истражни мерки токму поради сомнение дека ја злоупотребува службената положба и незаконски ја финансира кампањата. Освен овој случај МВР досега има документирано уште два други случаi во кои осомничениот на ист незаконски начин земал пари 20 и 10 илјади евра кои беа употребени во кампањата“, изјави Котевски, според кого, претседателот на Обединети за Македонија парите ги добивал од исто лице. Според полицијата во автомобилот на Бошкоски, бил пронајден и пиштол, кој не бил регистриран со дозволата за оружје која ја имал Бошкоски.

Сопругата на Бошкоски Виолета, која на местото на апсењето се појави набргу, беше револтирана од начинот на апсењето и од однесувањето на полицијата која не и давала никакви информации за апсењето на сопругот. „Сé сте наместиле. Кажете ми што се случило. Синот ми кажа дека мојот сопруг го апсат илјада полицајци. Срам да ви е, проклети да сте. Го наместивте мажот ми!“, го цитираа медиумите викањето на Бошкоска..

Бошкоски кој својата кампања ја водеше под форма на „бунт протв ненародната власт“, и со слоганот „Слобода или смрт!“, беше еден од двајцата обвинети Македонци пред Трибуналот во Хаг за воените дејствија во 2011, но беше ослободен. По враќањето од притворот во Шевениген се судри со поранешниот сопартиец Груевски и стана еден од неговите најголеми критичари. На последните претседателски избори освои околу 150.000 гласови, но на вчерашните парламентарни избори неговата партија Обединети за Македонија не успеа да освои ниту едн место во парламентот. Сепак, за цело време на кампањата тој најавуваше жестока пресметка со мафијата и со наводниот криминал на власта на ВМРО-ДПМНЕ, пред се`, на премиерот Груевски и на неговите најблиски соработници кои ги нарекуваше „Фамилијата“. Бошкоски минатата недела го обвини премирот Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, челникот на разузнавачката служба, дека во нивно име, познатиот бизнсимен Орце Камчев, во Хрватска „склучил зделка за јахта со сомнителни панамски пари во висина од 1,5 милиони евра, купена со хипотека во Македонија“.

XS
SM
MD
LG