Линкови за пристапност

Борис Џонсон: Од новинар до премиер што го чека одење по раб


Доколку нештата тргнат во погрешна насока, Џонсон би можел лесно да стане премиер со најкраток мандат на Даунинг стрит

Поранешниот новинар и некогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон ќе ја преземе премиерската позиција во Велика Британија. Доаѓа на местото на Тереза Меј која се повлече после три години.

Во текот на целата своја политичка кариера копнееше да ја добие премиерската работа, но работите нема да му бидат подмачкани. Уште од самиот почеток, го чека одење по остар раб

Во текот на целата своја политичка кариера копнееше да ја добие премиерската работа, но работите нема да му бидат подмачкани. Уште од самиот почеток, го чека одење по остар раб. Доколку нештата тргнат во погрешна насока, Џонсон би можел лесно да го победи Лорд Рокингем, кој со своите 96 дена како премиер во 1782 година важи за британски политичар што најкратко ја задржал функцијата на Даунинг стрит.

Бунтовниците во неговата партија, водени од Филип Хамонд, ставија јасно до знаење дека ако се обиде да ја извади Британија од Европската унија без договор со Брисел, тогаш заедно со опозициските партии ќе гласаат за пад на владата. Тоа ќе предизвика брзи избори што конзервативците тешко би ги добиле.

Ограничени противници

Само грст од про-ЕУ конзервативните пратеници се во позиција да му создадат грижи на Џонсон. Според партиски извори, половина дузина од нив разговарале со либералните демократи за заминување. Се очекува дел од министрите да дадат оставки пред Џонсон да го преземе кабинетот.

Конзервативците владеат како малцинска влада, а потребното мнозинство го обезбедуваат со двајцата претставници од чувствителната Унионистичка партија на Северна Ирска. Таа бројка може да се сведе на еден, доколку еден од конзервативните пратеници биде прогласен за виновен во судски случај за сексуално вознемирување.

Со опозициските фракции, Џонсон се соочува со идентична парламентарна позиција на блокиран парламент, а со која се соочи и Меј.

Во својот оптимистички стил, Џонсон вети дека ќе ја раздвижи земјата и ќе ѝ помогне на Британија да ја открие својата мисија

Меј и самата предупреди дека нејзиниот наследник ќе се соочи со подеднакво иста парламентарна асиметрија. Но, некои сметаат дека Џонсон ќе има уште потешка ситуација. Тој ќе има помал простор за маневри со неговите сопартијци околу Брегзит, а во исто време ќе треба да ги неутрализира конзервативците што се наклонети кон ЕУ.

Сепак, во својот оптимистички стил, Џонсон вети дека ќе ја раздвижи земјата и ќе ѝ помогне на Британија да ја открие својата мисија.

Пречката - Брегзит

Но, оптимистичка реторика не е доволна за разубедување на сопартијците бунтовници, ниту на европските лидери и нивните преговарачи. Челниците на ЕУ предупредија дека нема да му олеснат на Џонсон. Укажаа дека договорот што го постигнаа со Тереза Меј, а кој британските парламентарци го отфрлија трипати, е нивниот последен збор.

„Доколку ставот на нивниот премиер е дека со плачење ќе добијат повлекување на договорот, тогаш мислам дека има проблем“, предупреди ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени, неколку часа пред Џонсон да ја прослави победата во премиерската трка.

Непријателите на Џонсон го потврдуваат неговиот квалитет на ѕвезда и велат дека тој може да осветли соба, да привлече толпи, како и неговите изненадувачки способности да се опорави од честите гафови и грешки. Но тој е премногу бурен да ја окупира Даунинг стрит - особено во време кога Британија се соочува со најтешкиот и потенцијално најголем политички предизвик.

Времето ќе покаже кој бил во право. Но, само ако го добие тоа време.

Друг предизвик на Џонсон е да ги надмине тврдењата дека тој ќе биде морално и политички „нелегитимен премиер“. Тој ќе биде првиот премиер што ќе влезе во Даунинг стрит за да предводи малцинска влада, само врз основа на внатрешно партиско гласање.

Неопходни брзи одлуки

Џонсон ќе мора да носи брзи одлуки за Брегзит, како и за ескалацијата на дипломатските односи со Иран откако Техеран заплени танкер што пловеше под британско знаме. Неговите опции и за случувањата во заливот се ограничени.

Ако успее да го заокружи процесот со Брегзит, додека истовремено се соочува со криза во Заливот, Џонсон би можел да влезе во историјата и како еден од најдобрите премиери на Велика Британија

Неколку премиери во историјата на Британија до сега влегле во канцеларијата со слични тешки задачи пред нив. Брегзит создаде длабок уставен дефект, водејќи го системот изграден врз парламентарна демократија спроти мандатот обременет од референдумот.

Ако Џонсон успее да го заокружи процесот со Брегзит, додека истовремено се соочува со криза во Заливот, што ризикува да излезе од контрола, тогаш, како што велат неговите пријатели, тој би можел да влезе во историјата, како еден од најдобрите премиери на Велика Британија.

Џонсон, исто така, би бил забележан и како спасител на конзервативната партија која се соочува со многу реална можност да биде сериозно поразена кога ќе се соочи со гласачите.

XS
SM
MD
LG