Американските власти велат дека прифатиле речиси 19.000 деца кои патувале сами преку мексиканската граница во март, објави Асошиетед прес.
Ова е највисок број во еден месец што некогаш бил забележан, како и голем тест за претседателот Џо Бајден, кој ги укина повеќето од имиграционите политики на неговиот претходник.
Зголемувањето на бројот на деца кои патуваат сами, од кои некои се на тригодишна возраст, како и бројот на семејства, во голема мера го отежнуваат капацитетот на пограничните прифатилишта, кои немаат дозвола да задржуваат луѓе подолго од три дена, иако често тоа го прават.
Владата во моментов се обидува да најде простор, како и да вработи лица кои ќе се грижат за децата додека тие да бидат сместени во згрижувачки семејства.
Facebook Forum