Линкови за пристапност

Илјадници деца ја поминуваат мексиканската граница за да влезат во САД


Републиканците велат дека политиките на Бајден довеле до отворени граници за нелегална миграција

Илјадници деца без придружба, кои ја поминуваат мексиканската граница со САД, повторно ја интензивираа дебатата за имиграцијата во Вашингтон.

Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Кевин Мекарти, вчера предводеше група републиканци на границата со Мексико, за да ги осуди политиките на претседателот Џо Бајден, кои, според Мекарти, ја отвориле границата за нелегална миграција.

„Оваа криза е предизвикана од претседателските политики на новата администрација. Нема друг начин да се нарече освен погранична криза на Бајден“, изјави Мекарти пред новинарите во Ел Пасо, Тексас.

По преземањето на функцијата, Бајден ја запре изградбата на ѕидот, и најави похумани имиграциски политики.

Одделот за домашна безбедност рече дека во наредните 90 дена Агенцијата за справување со кризи ќе помогне да се процесира големиот број на деца кои влегуваат во САД без придружба.

„Нашата цел е да осигураме децата да бидат префрлени на здравствените услуги што е можно побрзо, во согласност со правните барања и што е во најдобар интерес на децата“, рече секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас.

Децата се задржуваат во засолништа на границата, кои се полни речиси 94 отсто, пред да бидат испратени кај роднини што живеат во САД, или кај семејства кои би сакале да се грижат за нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG