Претседателот на САД Доналд Трамп и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси денес повторно се спротивставија околу барањето на претседателот за финансирање на ѕид на границата со Мексико.
Трамп на Твитер напиша дека ѕидот ќе биде направен на „еден или на друг начин“.
Пелоси, пак, изјави дека нема да се предвидат пари за изградба на ѕид во легислативата за гранична безбедност, која двопартиската конгресна група ја преговара со цел да не се случи уште едно владино затворање на 15-ти февруари.
Сепак таа кажа дека е отворена за други видови бариери долж границата, за што Трамп рече дека е неприфатливо.
„Ако нема ѕид, нема договор“, изјави Трамп во Белата куќа.
Тој, на Твитер нагласи дека ѕидот ќе биде изграден дури и законодавците да не одобрат пари за негова изградба.
Тој размислува за прогласување вонредна состојба за изградба на ѕидот без конгресно одобрување.
Facebook Forum