Линкови за пристапност

Борбени возила, ренџери, војничко гравче: Отворен ден на македонската армија во Скопје

Отворен ден на македонската армија по повод 75 години НАТО и четири години членство во Алијансата. Армиски стадион во Скопје, 23.03.2024

Лесни борбени возила JLTV, одела за деминирање, робот за отстранување експлозиви, тактичка вежба на армиските ренџери беа дел од повеќето активности и опрема што македонската армија ги покажа денеска на отворениот ден за граѓаните.

Настанот се одржа на армискиот стадион во Скопје, а по повод 75-години од основањето на НАТО и четири години членство на Северна Македонија во Алијансата. Присуствуваше и претседателот на државата и врховен командант на армијата, Стево Пендаровски.

Полковникот Васил Митевски од Командата за операции истакна дека му е чест што граѓаните на Скопје можат да се запознаат со дел од армиската опрема и порача дека членството во НАТО е важно од безбедносен аспект, но и во однос на соработката со сојузниците.

„За нас како Армија членството во НАТО претставува една голема можност за соработка со сите НАТО партнери со цел зголемување на нашите способности, како и способностите коишто треба да ги исполниме во НАТО Алијансата“, рече полковникот Митевски.

Отворен ден на македонската армија по повод 75 години НАТО и четири години членство во Алијансата. Армиски стадион во Скопје, 23.03.2024
Отворен ден на македонската армија по повод 75 години НАТО и четири години членство во Алијансата. Армиски стадион во Скопје, 23.03.2024

Со опрема и персонал беа претставени и специјалните сили, баталјонот на Воената полиција, Воено-медицинскиот центар, воздухопловниот ВИНГ, како и армиските кучиња.

Пред присутните настапи армискиот оркестар, а граѓаните можеа да го пробаат и неодминливото војничко гравче што се служење од армиска кујна.

Слични отворени денови македонската армија во изминатиот период одржа во повеќе градови низ државата.

XS
SM
MD
LG