Линкови за пристапност

Книгата за убиството на бин Ладен во книжарниците


Авторот внел „чувствителни информации“ за што може да е кривично гонет.

САД велат дека новата книга за минатогодишната акција на специјалците на американската морнарица во која беше убиен терористичкиот лидер Осама бин Ладен, содржи „чувствителни и класифицирани“ информации што не требало да бидат објавени.

Портпаролот на Одделот за одбрана Џорџ Литл изјави дека воени претставници ја евалуирале книгата „No Easy Day“ чиј автор е поранешен командос кој учествувал во акцијата во мај 2011-та година во Пакистан, во која беше убиен лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен.

Литл одби да појасни кои информации Пентагон ги сметал за класифицирани или каква би била евентуаланата штета по нивното обелоденување.

Книгата беше напишана под псевдонимот Марк Овен, но американските медиуми објавија дека авторот е Мет Бисонет, кој се пензионирал од морнарицата кусо време по акцијата.

Бисонет можно е да биде предмет на кривична постапка заради обелоденување на информации за тајната операција.
XS
SM
MD
LG