Линкови за пристапност

Експрес-лонците како бомби


Овие често присутни уреди во кујните во светот исполнети со експлозив се претвораат во смртоносни направи.

Американските претставници долго време предупредуваат дека експрес-лонците може да бидат искористени за терористички напади. Во меморандум од 2004-та, американскиот Оддел за домашна безбедност извести дека конверзија на експрес-лонци во импровизирани експлозивни направи е техника која често се учи во авганистанските терористички кампови за обука.

Издание на Inspire – магазин на Интернет поврзан со ал-Каида и радикалниот свештеник роден во САД, Анвар ал-Авлаки, вклучи напис со наслов „Како да направите бомба во кујната на вашата мајка“, каде се даваат инструкции на идните бомбаши за тоа како да употребат експрес-лонец во напад.

Како дополнение, анархистички веб-страници и групи на бели расисти имале дискусии за употреба на експрес-лонци како бомби.

Во 2011, американскиот војник Насер Џејсон Абдо беше обвинет за заговор за бомбашки напад на колеги-војници, и властите нашле експрес-лонци и барут што не испушта чад во неговата мотелска соба. Неуспешниот напад со возило-бомба на њујоршкиот плоштад беше обиден со направа од експрес-лонец во кој имало 120 петарди. Истата година самоубиствен бомбаш во Стокхолм модифицирал експрес –лонец во бомба што потфрлила при обид да биде детонирана.

Такви бомби се исклучително популарни за напади во Јужна Азија. Шефот на единицата за демонтирање бомби во пакистанската провинција Кибер-Пактунква – регион со чести напади на милитанти врз цивили, за весникот LA Times изјави дека околу половина од над 5.000 експлозивни направи кои биле онеспособени од 2009 наваму користеле експрес-лонци.

Американски претставници предупредија дека овој тип на бомби не бараат многу пари или специјална обука за да се направат. Тие исто така изгледаат невино за необучено око.

Но лоша страна на овие бомби за напаѓачите е што радиусот на експлозијата е редуциран заради тоа што е потребна значителна енергија за пробивање на дебелите ѕидови на овие направи за готвење. Но, во исто време делови на тие челични ѕидови можат да станат проектили, додавајќи на смртоносноста на направите.
XS
SM
MD
LG