Американските воздухопловни сили објавија дека два бомбардера на типот Б-1Б кои се наоѓаат во Гуам, придружени со борбени авиони од Јужна Кореја и Јапонија, биле дел од воена вежба во областа на Корејскиот Полуостров.
Бомбардерите, објавија официјални лица, не биле одговор за манифестирање сила на „кој било актуелен настан“.
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА денеска упати остра реакција околу вежбите, нарекувајќи ги „ненајавена вежба за проверка на нуклеарно оружје“.
Воените маневри се случуваат на само еден ден пред претседателот Трамп да замине на 12-дневна посета на Азија, вклучувајќи ја и Јужна Кореја.
Последен пат американската војска беше вклучена во таква мисија на 10-ти октомври, кога претседателот Трамп се сретна со високи официјални претставници на одбраната, на разговори за тоа, како да одговори на заканите од Северна Кореја.
Воздухопловните сили соопштија дека бомбардерите не се одговор на „кој било актуелен настан“.
Facebook Forum