Американските воени летечки тврдини, бомбардерите Б-52 денеска го прелетаа македонското небо. Граѓаните во Скопје имаа можност да видат низок прелет од два авиона кои се дел од Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка.
Прелетот, како што соопштија од Генералштабот на македонската армија, е демонстрација на сојузништвото на НАТО и гарант за целата Евроатлантска заедница, во која влегува и македонската држава.
Од Генералштабот додадоа дека прелети на американските бомбардери има и над Албанија, Црна Гора, Хрватска, а со цел да прикаже посветеноста на НАТО кон безбедноста на земјите од Балканот, што се членки и пријатели на Алијансата.